
Денес се одиграа натпреварите од 10 коло во рамките на Третата фудбалска лига Исток. Тимот на Карбинци пријатно изненади во Берово и успеа да му откине бод на фаворитот Малеш. Играчите на Карбинци имаа водство од 0:2, но Малеш блегодарејќи на головите на Андреј Симевски на кого ова му е 12 гол и на Марјан Пачарски се спаси од пораз и освои бод.

Мошне интересно и возбудливо беше и во Радовиш каде што играчите на Овче Поле конечно почнаа да играт како знаат и умеат и славеа победа од 3:4. Брегалница од Делчево пак рутинирано победи во Градско Балдовци. За одбележување е и првата победа и првите освоени бодови за тимот на Василево. Еве ги комплетните резултати од ова 10 коло:
- Малеш – Карбинци 2:2
- Чешиново – Детонит 0:2
- Спартмани – Брегалница 0:3
- Работник – Хоризонт 0:3
- Василево – Тиверија 5:2
- Раклиш – Овче Поле 3:4
Табела
- Брегалница 25
- Детонит 23
- Малеш 22
- Овче Поле 21
- Хоризонт 19
- Спартмани 16
- Чешиново 14
- Карбинци 10
- Раклиш 8
- Тиверија 7
- Работник 4
- Василево 3
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk