
Вчера еден, денес се одиграа преостанатите 5 натпревари од 17 коло на Првата Македонска фудбалска лига. Ренова и Шкупи вчера одиграа без голови а со денешната победа Шкендија ја зголеми предноста пред Шкупи. Во Велес Борец го „тушираше„ Силекс, додека во Битола конечно победа на Пелистер. Интересно беше и во Струга каде што домакините ја победија екипата на Работнички. Еве ги комплетните резултати од ова 17 коло:
- Ренова – Шкупи 0:0
- А.Пандев – Шкендија 0:1
- Борец – Силекс 2:0
- Струга Т Л – Работнички 2:1
- Вардар – Македонија ЃП 2:2
- Пелистер – Беласица 1:0
Табела
- Шкендија 39
- Шкупи 33
- Македонија ЃП 33
- Струга Т Л 25
- Борец 25
- Силекс 22
- Вардар 22
- Работнички 21
- Ренова 16
- Пелистер 15
- А.Пандев 14
- Беласица 9
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk