Штипјанец починал по пад од скала

На 08.12.2020 во 16.45 часот во СВР-Штип, од Клиничка болница-Штип било пријавено дека околу 16.00 часот бил донесен Б.С.(79) од Штип, кој  работејќи  во неговиот двор атар на с.Козјак паднал од скала, при што се здобил со повреди. Б.С. бил пренесен во Клиничката болница Штип каде им подлегнал на повредите и починал. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип. Телото на починатиот билo предадено на семејството.