
Денес се одиграа натпреварите од 16 коло на ПМФЛ во кое се играше по дождливо време и во тешки услови за игра скоро на сите терени. Шкендија со нова победа го зголеми водството на табелата пред Шкупи кој на Чаир одигра нерешено со Вардар. Најтешко се чини беше во Кратово каде што во услови на вистинско „ватерполо“ Силекс и Струга ТЛ одиграа без голови. Еве ги комплетните резултати од ова 16 коло:
- Шкендија – Беласица 2:0
- Македонија ЃП – Пелистер 2:1
- Шкупи – Вардар 1:1
- Работнички – Ренова 3:1
- Силекс – Струга Т Л 0:0
- А. Пандев – Борец 2:1
Табела
- Шкендија 36
- Шкупи 32
- Македонија ЃП 32
- Силекс 22
- Струга Т Л 22
- Борец 22
- Работнички 21
- Вардар 21
- Ренова 15
- А. Пандев 14
- Пелистер 12
- Беласица 9
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk