ВМФЛ – Исток: Слога-Брегалница директно на Мнет ТВ а Кит Го-Плачковица ќе играат во Штип

И официјално се знае распоредот за натпреварите од последното есенско второлигашко коло или 16 по ред коло во источната група. Во сабота во Виница ќе се одигра натпреварот помеѓу Слога и Брегалница од Штип во кое штипјани и официјално ќе се промовираат во есенски второлигашки првак. Во интерес на пошироката фудбалска јавност од Виница ќе вршиме директен телевизиски пренос на нашата Мнет ТВ со што продолжува успешната соработка со ФФМ. Генералниот Секретар пак на ФК Кит Го Пехчево, Јованче Пилешков не информираше дека натпреварот Кит Го – Плачковица наместо во Пехчево поради ниските температури ќе се одигра во сабота во Штип. Клубот од Пехчево како резервна варијанта го има градскиот стадион во Штип и затоа ФФМ дозволи овој натпревар да се одигра во Штип. Еве ги комплетните парови за ова последно 16 есенско коло:

  1. Каменица Саса – Кожув
  2. Кит Го – Плачковица
  3. Росоман – Осогово
  4. Победа – Тиквеш
  5. Слога – Брегалница

Сите натпревари ќе се одиграат во сабота 12 декември 2020 г. со почеток во 13.00 часот.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk