Трета лига – Исток: Брегалница во Делчево го пречекува Раклиш а Малеш во Берово ќе игра со „фенерџијата“ Василево

Фудбалските третолигаши од групата Исток во претстојниот викенд на програмата ќе ги имааат натпреварите од 9 коло. Водечката Брегалница во Делчево ќе ја пречека екипата на Раклиш, додека второпласираниот Малеш во Берово ќе се сретне со „фенерџијата“ Василево. Интересно ќе виде и во Свети Николе каде што домашниот тим Овче Поле ќе се сретне со екипата на Чешиново. Нималку интересни ќе бидат и останатите средби кои и овојпат ќе се играат без присуство на публика. Еве ги комплетните парови за ова 9 коло:

  1. Малеш – Василево
  2. Карбинци – Спартмани
  3. Брегалница – Раклиш
  4. Овче Поле – Чешиново
  5. Детонит – Работник
  6. Хоризонт – Тиверија

Сите натпревари ќе се одиграат во недела 6 декември 2020 г. со почеток во 13.00 часот.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk