
По настанот кој пред неколку дена се појави во медиумите и на социјални мрежи, за немилиот инцидент кој се случувал во Клиничката болница во Штип, за пресметката помеѓу докторка и директорот д-р. Ален Георгијев, нашата екипа истражуваше, сумирајќи ги резултатите. Всушност, станува збор за работен ангажман со договор на дело кој бил раскинат со отказ од страна на докторката, на почетокот на ноември годинава, а бил прифатен од Клиничката болница Штип. Во разговор со надлежните од Клиничката болница Штип, ни дадоа потврден одговор за сознанијата кои веќе ги имавме, но не упатија за подетални одговори од други надлежни институции. Случајот бил предаден на понатамошно расчистување од страна на надлежните. Писмено соопштение добивме од СВР Штип.
„ На 27.11.2020 во 12.35 часот во СВР Штип А.Г. од Клиничката болница Штип пријавил дека околу 12.30 часот во службената просторија во Здравствениот дом во Штип бил физички нападнат од страна на С.П., вработена во Клиничката болница –Штип. По комплетирање на случајот, против С.П. до надлежното обвинителство ќе биде поднесена соодветна пријава. “
Се очекува понатамошно расчистување на случајот.
Лаура Стојанова М-Нет