Наумов : Штип ќе биде првиот град со подземни контејнери

Следејќи ги стапките на Европа Штип ќе биде првиот град во државата кој ќе добие подземни контејнери со цел да не се шири непријатната миризба која досега се чувствува надалеку од стариве надземни, покрај тоа кандидатот за градоначалник од редовите на ТМРО Наумов ветува нови асфалтирани улици, обновување на улично осветлување.

Асфалтирање на сите улици во општината било градски, приградски или селски, улично осветлување и канти на секои 100 метри во сите делови на општината изградба на подземни за отпад каде ќе се рециклира отпадот со што ќе се влијае на еколошката чистота на градот. Контејнерите се еколошки и се подземни за да не го загадуваат градот секаде во Европа се прават и веќе е забрането надземни контејнери на улица со оглед дека шират непријатна миризба.

Остануваат уште десет дена до завршувањето на предизборната кампања период до кога кандидатите за градоначалници треба да го убедат гласачкиот аудиториум во својата изборна програма.