Како и секоја професија така и новинарството бара доста одговорност и напорна работа. Новинарството е дисциплина на собирање, потврдување, прикажување и анализирање на податоци врзани со актуелни настани, трендови, жешки теми и луѓе. Како професија се појавува многу одамна, но загрижувачки е фактот што се намалува интересот и ангажираноста на младите новинари. Денеска во разговор со Киро Герасимов, долгогодишен новинар во пензија, дознавме повеќе за оваа професија.

Искуствата и новите познанства се поен плус за секој новинар, којшто макотрпно се зафатил со професијава и се нашол во било каква неизвесна ситуација
Целиот разговор за новинарството како професија, искуствата, позитивните, но и немили случки можете да ги проследите во денешното издание на емисијата „Интерактив“.