Приведен штипјанец кој со тврд предмет им се заканувал на неговата поранешна вонбрачна сопруга и на уште едно лице

На 23.11.2020 во 22.35 часот полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода С.И.(39) од Штип,  затоа што околу 21.15 часот во Штип, по претходна расправија, со тврд предмет им се заканувал на неговата поранешна вонбрачна сопруга и на Д.М.(33), а во еден момент го оштетил патничкото возило „пежо“, сопственост на Д.М. Се работи на комплетирање на случајот, по што против С.И. ќе биде поднесена соодветна пријава.