ОК ВМРО ДПМНЕ Штип: Наместо борба со короната локалните власти се подготвуваат за избори

Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Штип денеска излегоа со прес конференција на која кажаа дека кога сите во светот се борат и финансиски средства наменуваат за помагање и спас од невидливиот вирусен непријател штипската локална администрација се подготвува за претстојните локални избори што се закажани за 13 декември.

Градот Штипе на врвот во државата по статистичкиот сооднос меѓу број на жители и бројот на новозаразени. Овие податоци говорат дека стапка на леталитетот во Штип е повеќе од морбидна и властите лесно можат да утврдат дека одлуката за предвремените локални избори во штип да се одржат во декември е неправилна и опасна! Додека секаде во светот се штеди, сиромашната влада во нашата земја, планира огромни расходи за локалните избори во штип. Наместо парите од избори да ги пренаменеа за набавка на медицински помагала и полесно справување со вирусот….

Од штабот на ВМРО рекоа дека и покрај изолираноста на градоначалничкиот кабинет во општината сепак штипјаните се турка во нерамномерна борба со корона вирусот и бираат нов прв човек на Штип.