
Денеска се одбележува светскиот ден на предвремено родените бебиња, одреден преку Светската здравствена организација. Секоја година под различно мото се одржуваат различни активности за одбележување на овој ден, т.е. 17 ноември. Годинава под мотото „Заедно за предвремените новородени бебиња, да се грижиме за иднината“ се става акцент на недоносените новороденичиња и нивното значење и поинаквост од останатите бебиња. Секое недоносено бебе бара голема одговорност од фамилијата, но и од здравствениот систем, – ни кажа примариумс доктор Марина Гацова, специјалист педијатар во Штип. Како што дознавме од неа бременоста не значи само грижа на самата мајка и нејзината потесна фамилија, туку одговорност и за целиот здравствен систем и општеството. Секое бебе родено пред 37та гестациска недела се карактериза како недоносено бебе, на кое му е потребна посебана нега и грижа. Во Штипската болница се лекуваат и негуваат бебиња родени до 32та гестациска недела, а сите оние родени претходно се испраќаат во Скопје. На светско ниво, годишно се раѓаат околу 15 илјади недоносени бебиња, различно во секоја држава. На ниво на Општина Штип бројот е помал, најчесто се раѓаат од 15 до 20 деца под 36та гестациска недела, а само околку 7 или 8 деца под 34та гестациска недела.
Лаура Стојанова М-Нет