Потпишан договор за доградба на филтер станицата во Виница

Во рамки на денешниот работен ден на градоначалникот од Виница се потпиша договор за доградба на филтер станицата за прочистување на питка вода за градот Виница и водоснабдување на санитарна вода за селото Лески.

Го потпишавме договорот за доградба на филтер станицата во градот Виница проект со кој ќе се намали проблемот со питка вода во централното градско подрачје и поврзување на селото Лески со водоводната мрежа, со ова долгорочно се решава проблемот со вода на жителите од селото Лески.

Околу финансиската конструкција за реализација на договорот е од вкупен износ 24 476 715 денари со пресметан данок, поголемиот дел од парите се обезбедени од Министерството за транспорт и врски од 23 519 132 денари а општината ќе учествува со 948 583 денари.