
Заврши вонредниот инспекциски надзор во Штипската Клиничка болница, на Инфективното одделение каде што почина 41годишната жена на која според нејзината ќерка не и било дадено кислород. Исто така и директорот на болницата, д-р. Ален Георгијев побара целосен извештај за начинот на третман на пациентката, чии исход сеуште е непознат за јавноста. По инспекцијата на Државниот здравствен и санитарен сектор, наредено е во болницата да се воспостави нова телефонска мрежа на која лицата ќе можат да барат помош. Како што веќе е познато, во Клиничата болница во Штип имало само една телефонска мрежа, на која се јавувале и роднините да побараат информации за болните, и болните барале помош. На таа иста мрежа мајката на Михаела залудно се обидувала да добие кислород и уште една шанса за живот.
„Од денеска се воведени две телфонски мрежи, од кои една ќе биде наменета за роднините на болните, а другата за самите болни лица“ – изјави во телефонски разговор за нашата телевизија Марина Шуманска, потпарол на Клиничка болница Штип.
По извршениот инспекциски надзор, директорот на болницата е задолжен во рок од три дена писмено да го извести ДСЗИ за исходот од извршената конторла.
Лаура Стојанова М-Нет