Македонија влезе во европско после ракометарите и кошаркарите сега и фудбалерите создадоа миг за паметење. Немаше Македонец а да не го следеше натпреварот со Грузија. Сите сме сведоци дека во секој град низ државата ја прославија синоќешната победа на Македонската репрезентација, со многу емоции беше дочекан крајот на натпреварот со резултат 1:0.
Нормално дека гледавме го следевме натпреварот дома со синот ми и потоа излеговме во градот да ја проследиме атмосферата;
Многу ме радува што Македонија влезе во европско со голот на Пандев кој и беше еден пресуден, добро е што составот на репрезентацијата е со мешан етникум и се надева на уште многу успеси;
Секако дека го гледавме кој не го гледа уште многу многу успешни утакмици.
Секој горд Македонец имаше исполнето срце и душа спортскиот имунитет беше дополнет со уште еден голем успех овој пат нашите фудбалери момци кои што не можат да се заборават докажаа дека со голем труд и напорни тренинзи може и ќе се игра на европско.