555 бракови и 78 разводи е билансот на штипјани од почетокот на годината

Не е се така депресивно и негативно, во време кога владее Ковид пандемијата. И покрај големиот број на ограничувања и проблеми кои се појавуваат секојдневно, и понатаму се склучуваат бракови. Љубовта не се засени во еден вака и не толку розав период.  За конкретната бројка на бракови кои се склучени од почетокот на 2020година се обративме до Централниот регистар за матични служби во Скопје. Оттаму добивме одговор дека на ниво на Општина Штип бројот на склучени бракови од јануари до септември 2020година е 555, бројка која и не е за потценување, сега кога веселбите и организирањето свадбени церемонии е забрането од страна на Владата, како мерка за справување со корона вирусот. Кога на ова би го додале и мислењето на граѓаните на Општина Штип, може да дефинираме дека секој би посакал да прослави еден толку важен настан во неговиот живот. Од друга страна, не изоставен дел се и предметите за развод на брак. Од Основен суд Штип, на наше барање, дознавме дека во претходната година имало 123 предмети за развод на брак, а од почетокот на 2020година до 12 ноември 78 предмети. Разликата меѓу склучените бракови и предметите на разводи е над 450 случаеви, што покажува дека ниту една пандемија не би ставила љубовта во втор план.

Лаура Стојанова М-Нет