
Градоначалникот на Опшина Штип како командант на Штабот за заштита и спасување на Општина Штип излезе пред граѓаните со заклучоци на ова тело во поглед на состојбите со коронавирусот, а тоа се:
- Затварање на градскиот пазар на ден петок, 20.03.2020 година, со цел превенција и заштита на граѓаните од Корона вирусот. Се задолжува ЈП Исар да го спороведе заклучокот.
- СВР Штип ќе продолжи со зголемени патроли на сите јавно-прометни површини во текот на попладневните часови, на спортските терени во градот, на плоштадите и патеките за прошетка и секаде кадешто има поголема концентрација на граѓани.
- На 22 март на денот на пролетта, се забранува одржување на традиционалното качување на тврдината Исар по повод обичајот “Чет’рсе“, поставување на било какви подвижни тезги за малопродажба и сите останати настани поврзани со овој празник, поради што ќе биде поставена патрола на СВР Штип и редарска служба од јавните претпријатија на сите влезови до тврдината Исар, со цел воведување на забрана за движење на граѓаните, а со тоа и дополнителна заштита.
- Се апелира до куќните совети во колективните станбени згради, да извршат дезинфекција во своите влезови, во лифтовите и во сите заеднички површини.
- СВР Штип ќе ја зголеми контролата за сите возила со странски регистарски таблички коишто влегуваат во градот со што ќе се врши уште еден начин на заштита во оваа состојба.
- Општина Штип ќе превземе обврска во насока на набавка поголема количина заштитни средства, дезинфекциони средства, маски и ракавици за потребите на Општината и на сите институции на територијата на Штип со што ќе се придонесе за заштита на вработените, а со тоа и на граѓаните.
- Општинскиот штаб за заштита и спасување, апелира до граѓаните да пријавуваат повратници од странство кои не ги почитуваат насоките од Министерство за здравство и Владата на бројот на МВР 192.
- Пензионерите, лицата со посебни потреби и лицата со други болести да не ги напуштаат своите домови доколку не е неопходно и да ги користат телефонските броеви на Општина Штип (078 472 621 и 032 226 623) со што мобилните екипи ќе им излезат во пресрет за нивна помош од типот на: плаќање на сметки, пазарување на основни намирници за исхрана, подигање на лекови од аптека и достава до живеалиштето.
- Апелираме до граѓаните да не создаваат залихи од прехрамбени производи и средства за хигиена во своите домови, бидејќи снабдувањето со храна и основни продукти во градот е редовно и достапно за сите.
- Апелираме да се следат препораките на Министерството за здравство и на сите надлежни институции.
- Општина Штип заедно со ЈП „Исар“ и ТППЕ Штип продолжуваат со редовно дезинфицирање на улиците, јавните површини, плоштадот, површините пред маркетите и аптеките, во просториите на СВР Штип, ЈЗУ „Здравствен дом“ Штип, и сите останати витални институции со цел поголема безбедност на граѓаните.