Атмосферата кај македонските репрезентативци е фантастична, сите до еден живеат за мечот со Грузија(Ексклузивни снимки од вечерашниот тренинг)

Штотуку оставаривме телефонски разговор со членот на УО на ФФМ штипјанецот Димитар Џонов кој е дел од малата официјална македонска делегација во која тој ја опишува атмосферата пред утрешниот меч Грузија Македонија. – „ Авионскиот лет беше пријатен без некакви прпблеми од полетувањето во 10.00 ч. од Скопје до слетувањето во 15.30 ч. во Тбилиси.

Сите играчи до еден нагласуваат дека живеат за овој натпревар, ова е тој момент на вистината за нивните кариери конечно да ја испишат македонската фудбалска страница во друштвото на европските респектабилни нации.

Да се биде на Европско Првенство е сон за секој играч и тие тоа воочливо го искажуваат, едноставно не можат да го сокријат.

Владее една несекојдневна, но сепак оптимистичка атмосфера во која сите до еден нема да се штедат се со цел да стигнат до толку очекуваната победа“ .

Портпаролот на ФФМ, Златко Андоновски исто така ја потврди пријатнатаатмосфера кај сите играчи и членови на стручниот тим и ни испрати ексклузивни снимки од запознавањето со теренот и атмосферата од првиот тренинг на македонската репрезентација.

Ова се ексклузивни снимки на кои може да се забележи ведрината, упорноста и победничката атмосфера пред утрешниот меч. Натпреварот Грузија – Македонија ќе се одигра во четврток 12 ноември со почеток во 18.00 часот.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk