Одбојкарска комшиска пресметка во Штип: УГД Штип – Весна Пробиштип

Во пресрет на 5 коло во машката Одбојкарска Супер лига вниманието е насочено кон комшиското дерби во Штип. Во борба за 4 место на табелата тимот на УГД Штип ќе јуриша на трета првенствена победа а тоа ќе биде контра мотив и за одбојкарите на Весна Пробиштип. Овој интересен меч ќе се одигра во понеделник со директен пренос на МТВ во спортската сала Јордан Мијалков со почеток во 17.30 ч. Еве ги комплетните парови за ова 5 коло:

Борец – Џио Струмица

Шкендија – Јанта Волеј

Вардар – Лирија

Универзитет Тетово – Дибра Вилеј

УГД Штип – Весна Пробиштип

Настап во овој викенд ќе имаат и девојките во рамките од првенството во Супер лигата на Македонија. Екипата на УГД Студент по две извојувани победи, во Штип ја пречекуваат екипата на Јанта Волеј од Скопје. Одбојкарскиот меч ќе се одигра во сабота 7 ноември во спортската сала Јордан Мијалков во Штип со почеток во 18.00 часот.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk