
Карциномот на простата е втора најчеста смртоносна појава кај мажите, веднаш после карциномот на белите дробови. Ноември е месецот за кревање на свеста за машкото здравје. Нејасна е причината за појавување на рак на простата, но најчесто истата е поврзана со генетска предиспозиција, етникум и начинот на живеење. Исто така, поголемото внесување на месо, месни производи, помалку овошје и зеленчук доведува до појава на оваа опасна болест. Се појавува во покасна возразт после 50,60 години, но не е исклучена можноста истиот да се појави и кај помлади лица. Најмладиот пациент од рак на простата имал 35 години. Според д-р Кожухаров, потребата од навремено одење на прегледи е огромна, бидејќи станува збор за сериозен проблем кај мажите. Тестот кој се претпорачува барем еднаш годишно не е бесплатен, но е ефтин и е во соработка со Фондот за здравство, па е во можност секој маж да си го дозволи. Прегледот за рак на простата се извршува со ехо, и истиот не бара преголема ангажираност, а нуди навремено спречување и лечење. Годишно во Македонија бројот на лица болни од карцином на простата се движи околу 15 до 20, кој се третираат на Клиничката болница во Штип, на оделението за Урологија. За разлика од пред 10 до 20 години бројот значително е намален, бидејќи свесноста кај луѓето е се поголема.
Лаура Стојанова М-Нет
Игор Зиврев М-Нет