Вечерва завршува дванаесеттото издание на фестивалот „In Vinica Veritas“

Денеска завршува „In Vinica Veritas’, фестивал на хумор, сатира и епиграм. Кој се одржуваше од 26 до 30 октомври. За прв пат после 12 години постоење, фестивалот годинава се одржа во време на пандемијата со Ковид –19.

Токму со согласност од Светската здравствена организација, за заштита и спречување од ширење на корона вирусот. Сите протоколи беа испочитувани. Фестивалот, вклучуваше богата програма. Со хумор, сатира, афоризми како и епиграм со соодветни награди. Наградените во најголем број беа интернационални учесници.

Вчеравечер свој настап имаше стенд ап комичарот Никола Тодороски. Со огромно задоволство и чест што е дел од овој фестивал. И покрај сите протоколи се надева, дека успеа на публиката за момент да им го привлече вниманието со доза хумор.

Иако со  30% од капацитет на салата за публиката. Виничани имаа можност барем за миг да уживаат и да заборават на лошите денови во кои се наоѓаме.

Надица Стојковска / М Нет

Дарко Лазев / М Нет