Штипското Кожно одделение ќе се пренамени во ковид центар

„Штипскиот здравствен болнички систем нема време да ја очекува изградбата на монтажната болница“ ова е генералниот заклучок во кој е дефиниран и предлогот за пренамена на Кожното одделение во  сместувачки болнички капацитет за пациенти со Ковид 19.

Ова предлог решение  наиде на  одобрување од страна на Министерот за здравство  на предходно доставеното барање за изнаоѓање на нови сместувачки капацитети . Подолѓиот наплив на пациенти  со потешка клиничка слика од компликации со вирусот значеше  континуиран наплив на Инфективното оделение .

Како можна алтернатива или план Б е споменатата итна пренамена  на Кожното оделение во адаптиран  ковид центар. Такви се очекувањата  и сегашните размислувања на раководството на болницата. Поради очекуваниот наплив на есенскиот бран и евентуалното зголемување на бројот на пациенти кои имаат потреба од болничко лекување. Од денес редовните контроли на пациенти  наместо во Клиничката болница се извршуваат во Здравствениот дом-Штип. Според  Ален Ѓеорѓијев испитувањата и истрагите со Ковид-19 се вршат во болничката лабораторија откако вкупно 10 лаборанти  се заминати на лекување и во изолација.

Маре Стојилова М нет

Игор Зиврев М нет