Донација од 20.000 евра од рудниците „Саса“ ќе овозможи онлајн настава за каменичките основци

Предизвиците на дигиталното образование за некои општини  кои се јавуваат како оснивачи на училишта беа полесно надминати , но за други како што е случајот со Македонска Каменица се многу тешко искушение. Протестите и бојкотот на наставата на основците од Македонска Каменица во траење од 21 ден е нормален израз на незадоволство и  немок на неговото височество граѓанинот да  изнајде конечно решение на овој суштински проблем. Во време на  онлајн настава и родителите максимално посветено работат со нивните деца применувајки го процесот на самоучење.

Но, во Македонска каменица околу 60 ученици потекнуваат од многудетни семејства , кои имаат минималлни егзенстинцијални примања  и не се во состојба на своите ученици да им купат ИТ технологија за следење на онлајн настава. Оваа состојба е загрижувачка бидејки Советот на родители на каменичките основци  навреме побара децата да посетуваат настава со физичко присувство , тоа им беше одбиено од страна на министерството за образование кои ги почитува препораките на комисијата за здравство. Министерката Мила Царовска и денес го изнесе официјалниот став со кој им препорачува на ситедека бојкотот на наставата не е начин за надминување на проблемот.

 Првите луге на општината  на почетокот не им излегоа во пресрет  и помош на најзагрозените ученици кои имаат со устав загарантираноо право да се образуваат и воспитуваат. Согледувајки ја целокупната состојба на недоразбирање и нерешавање на проблемот помегу наставиот кадар, раководството на ова основно училиште и министерството за образование и наука од една страна и родителите кои ги застапуваат 350 основци од другастрана  Рудниците „Саса “излегоа во пресрет. Меназментот  на рудници „Саса“ донесе одлука за купување на таблети, лап топ и друга ИТ технологија. За таа намена од овој рудник се издвоени   20 000 евра донација. Бидејки се работи за  компанија во приватна сопственост  каменичката јавност е позитивно изненадена и  благодарна за  овој хуман чин. Донација на средства за купување на таблети вети и градоначалничката Соња Стаменкова, но дали набавката компјутер за секое дете ќе значи решавање на проблемот и конечно прекинување на бојкотот , или и понатаму останува отворено прашање.

Маре Стојилова М нет

Игор Зиврев М нет