Во сабота ќе стартува Јуниорската пинг – понгарска лига на Македонија

Вкупно 21 екипа од кои 15 во машка и 6 во женска конкуренција се пријавени и ќе настапат во пинг – понгарското првенство ва Македонија за оваа сезона.

Со ова околу 70 млади јуниори и јуниорки ќе имаат можност конечно да се натпреварууваат, да се развиваат и надградуваат и за некоја година да конкурираат рамноправно со своите врсници во околните земjи како и на европскиот конtинент воопшто.

Пинг – понгарската федерација на Македонија ги подели екипите во два региони кои ќе се натпреваруваат во различни временски термини со цел запазување на препораките околу пандемијата и корона вирусот така да сите натпревари ќе се играат без присуство на публика.

Ваков тип на натпреварување се организира за прв пат и на 24 октомври ќе се одиграат квалификациските натпревари, додека на 1 ноември ќе се одиграат финалните натпревари. Јуниорската екипа на Шампион ФА се наоѓа во групата со екипите на Зегин, Винспин и Крива Паланка.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk