Шест членови на ПСК „Челични“ од Штип ќе настапат на пливачки митинг во Скопје

Три пати неделно младите ама „челични“ пливачи од Штип тренираат на базенот во Куманово и се подготвуваат за претстојните активности. Нема крај на радоста на спортскиот педагог и тренер, Мирко Јакимовски бидејќи во финишот на сезоната дури шестмина члеnови ќе настапат во Скопје.

Имено во недела на 27 септември ќе се одржи третиот по ред Меѓународен пливачки митинг „Делфин спринт – 2020 “ на кој ќе настапат следните „челични“ : Ренато Ристов, Раде Ристов, Марко Јакимовски, Методи Георгиев, Ивона Наумова и Вероника Зашевска. Сите тие ќе настапат во дисциплините Краул и Делфин на 50 и на 100 метри а натпреварите ќе се одржат на Олимпискиот базен во Скопје.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk