Француската биатлонска легенда Фуркад оди во пензија

Петкратниот олимписки шампион во биатлон, Мартин Фуркад утре ќе ја има својата последна трка во кариерата со настап на трката од Светскиот куп во Контиолахти, Финска, каде што ќе може да освои нов голем кристален глобус.

31-годишниот Французин преку Инстаграм објави дека е „време за збогум“ по блескавата кариера во која покрај петте олимписки злата освои 13 светски титули и седум трофеи од Светскиот куп.

Последната трка во кариерата ќе се оддржи без гледачи поради корона вирусот, но Фуркад вели дека другите работи се поважни по 20 години биатлон.

„Во ниту еден момент не сонував дека ќе остварам ниту илјадити дел од успесите. Моите најлуди соништа се надминати. Кога ја освоив титулата во штафетата во Антхолц минатата недела, и кога зборував со солзи во очите, знаев дека е време за крај“, вели Фуркад.

 

View this post on Instagram

 

Time to say goodbye 💙

A post shared by Martin Fourcade (@martinfourcade) on Mar 13, 2020 at 11:47am PDT

Текстот Француската биатлонска легенда Фуркад оди во пензија е превземен од МАКФАКС.