Пожар во хангар во с. Долни Балван, интервенирала ППЕ Штип

На 21.09.2020 во 22.24 часот во СВР Штип, од Противпожарната единица Штип било пријавено дека околу 15.00 часот настанал пожар во хангар во с. Долни Балван, сопственост на С.К.(68) од Штип, при извршување на работни активности од фирма од Штип. Пожарот бил изгаснат од Противпожарната единица Штип. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип.