Физичка пресметка пред угостителски објект во с.Двориште

На 21.09.2020 во 21.30 часот во Полициската станица Берово било пријавено дека пред угостителски објект во с.Двориште, беровско, бил нарушен јавниотред и мир со физичка пресметка помеѓу Н.П.(36) и В.Б.(39), двајцата од с.Двориште.

Од страна на полициски службеници на Н.П. и В.Б. им биле изготвени записници за констатиран прекршок.