
Фудбалските второлигаши од „истокот“ во сабота 19 септември на програмата ќе ги одиграат натпреварите од 4 првенствено коло. Екипата на Брегалница продолжува со традицијата на ноќни натпревари така да и претстојниот меч Брегалница – Осогово ќе се одигра под светлоста на рефлекторите.Веќе се делегирани и официјалните лица, главен судија ќе биде Дејан Младеновски,прв асистент Бранко Путилин, втор асистент Бојан Николовски и четврти судија Кристијан Ѓуровски. За Контролор е делегиран Зоран Бојанинов од Скопје, а Делегат ќе биде Благоја Петров од Велес. Натпреварот во Штип ќе започне во 19.00 часот.
Во Пехчево ќе се сретнат Кит Го и Тиквеш од Кавадарци, главен судија ќе биде Васко Мавров, на кого ќе му помагаат Стојан Костадинов, Љубе Шопов и Сашко Ристов како четврти судија, сите од Струмица. Делегат ќе биде Боби Стевковски од Скопје, а Контролор Слободан Стојисавлевиќ од Прилеп.
Еве ги комплетните парови за ова 4 коло:
сабота 19.09.2020 15.30 ч.
Кит Го – Тиквеш
Слога – Кожув
Победа – Плачковица
Росоман – Каменица С
сабота 19.09.2020 19.00 ч.
Брегалница – Осогово
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk
Монтажа: Дарко Лазев