Куп натпреварот Кит Го Пехчево – Скопје ќе се одигра под рефлекторите на „градски“ во Штип

Завчера во „куќата на фудбалот“ во Скопје се изврши ждрепката за 1/16 финалните натпревари во рамките од Купот на Македонија. Четирите екипи кои во минатата сезона дојдоа до полуфиналето на купот, поради пандемијата не ги довршија натпреварите и затоа ќе ја прескокнат првата рунда а тоа се екипите на Брегалница, Шкендија, Струга Трим Лум и Академија Пандев. Тимот на Кит Го Пехчево за противник ја доби екипата на Скопје и достави барање до ФФМ натпреварот наместо во Пехчево да се одигра во Штип. Куп натпреварите од 1/16 финалето ќе се одиграат во среда на 23 септември а она што е интересно натпреварот Кит Го – Скопје (според барањето се очекува и потврден одговор), ќе се одигра во вечерен термин под светлоста на рефлекторите со почеток во 18.00 часот. Од канцеларијата на Кит Го стигна и информацијата со која во записникот е поднесено пријава против Комесарот за безбедност на средбата Росоман – Кит Го која заврши со резултат 2:2. Имено на овој натпревар службеното лице на Росоман не дозволил на овластениот снимател на Кит Го да ја изврши својата работа и му забранил да го снима натпреварот, иако ги поседуваат сите неопходни дозволи. Сега се очекува разврска од дисциплинските органи на ФФМ за оваа непријатна случка во која е забранета работата на новинарската ТВ екипа на Кит Го Пехчево.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk