Пристапни цени и богата понуда на пазарот во Лозово – најбарани празот и зелката за во буре

Снопови праз, зелка за во буре, компири и куп други сезонски производи, денеска се нудеа на пазарот во Општина Лозово. Жителите разгледуваа и купуваа се што им недостасува за предстојната зима. Најмногу купуваа праз, ориз и компири, бидејки велат кај нив истите не успеваат. Иако велат од нивните бавчи годинава направиле зимница и се уште пржат по некоја свежа пиперка, сепак велат дека докупуваат само основни работи, без кои зимата не поминува.

Прозиводителите од ова место, велат дека цените се достапни за секого, а производите домашни со добар квалитет. Нудеа и домашен ајвар, слатко, дуњи и плетени чорапи под ниски цени.

Дополнително овој четврток на пазарот во оваа оптшина се нудеше и мандарината, која жителите ја купуваа исто во поголеми количини, како и јапоките јаболка, кој се вид на десерт во поснте денови за повозрасните.

Иван Митев, М-Нет