
Македонската ракометна репрезентација со убедлива победа ги започна квалификациите за Европското првенство кое ќе се одржува во 2028 година, откако на домашен терен го декласираше Луксембург со 41:23, што е најава дека Македонија ќе има одличен квалификациски циклус.
Повеќе од јасна беше изразетата фаворитска улога на нашата репрезентација која ја предводи селекторот Кирил Лазаров, прашања беше само со каква разлика ќе триумфира Македонија на овој меч.
Македонија одлично функционираше во добраната предводена од голманот Мартин Томовски кој беше расположен на голот на нашата репрезентација, а гостинот немаше решение како да се справи со тоа, а од друга страна нападот на нашата репрезентација беше перфектен и на полувреме заминавме со предност од 20:10.
Во вториот дел само на рутина беше потврдена високата победа од 41:23.
Своето деби за македонската репрезентација го имаше новиот репрезентативец Дмитро Хориха и веднаш ги освои симпатии на македонската публика.
Во второто квалификациско коло Македонија ќе гостува во Халкида каде на 8 ноември ќе игра против Грција.
Вечерва се игра мечот од нашата група меѓу Шведска и Грција.
Александар Ванев, М-Нет