
На три кола до крајот на есенската полусезона од Втората македонска фудбалска лига, Осогово од Кочани има предизвик на зимска пауза да замине надвор од опасната зона односно да биде во топ 11 зоната.
Што вели распоредот на „жетварите“ какви се шансите?
Овој викенд Осогово на домашен терен ќе игра против Работнички, дуел кој ќе биде тежок за двете екипи од причина со притисокот носи различна тежина. „Жетварите“ до бодови за да ја напуштат опасната зона, а пак „романтичарите“ за да продолжат да ги напаѓаат позициите за директен влез во Прва лига односно првото и второто место.
Следува гостувањето во Чаир кај Шкупи во меч каде Осогово нема никакво право на грешка само три бодови е цел против ланскиот прволигаш кој е на дното од табелата и без бодови.
Во последното есенско коло Осогово на домашен терен ќе игра против лидерот Охрид, во меч каде исто како и дуелот со Работнички, тежината на натпреварот носи различен притисок кај двете екипи.
Реални се шансите Осогово да ги освои трите бодови против Шкупи, а во дуелите со Работнички и Охрид и реми ќе биде опција, а пак триумф на овие натпревари ќе донесе повеќе од добредојдени бодови во трката за опстанок.
Колку за потсетување токму минатата сезона Охрид во градот на оризот загуби и тука тргнаа работите во лош правец за „рибарите“ на патот кон Прва лига, од таа причина повеќе од внимателни доаѓаат во Кочани.
Осогово по десет кола има седум бодови со ефект од една победа, четири ремија и пет порази.
Александар Ванев, М-Нет