
13-тото коло на Првата македонска фудбалска лига ќе се игра во три дена, се отвара во петок со еден меч, а саботната и неделнат програма нудат по два меча.
Рундата се отвара во Кавадарци со мечот меѓу Тиквеш и Скопје, кој стартува во 13 часот, домаќинот бара враќање на победите по ремито со Шкендија Арачиново, а пак Скопје предводен од штипскиот тренер Иван Варадиновски во потрага по првата победа.
Во сабота од 12 часот ќе се игра дербито меѓу Струга Трим Лум и Шкендија, дерби во кое триумф за стружани значи и прво место со два бода плус, а триумф за тимот од Тетово значи зацврстување на првото место со плус четири бодови.
Еден час подоцна ќе започне уште еден дерби меч во Кратово меѓу Силекс и Вардар. Домаќинот по ремито со Скопје ќе бара петта сезонска радост, а пак шампионот не смее да си дозволи никаков „кикс“, бидејќи со пораз ќе се оддалечи од врвот на патот кон одбрана на шампионската титула.
За недела се предвидени два натпревари. Во 12 часот Башкими ќе ја пречека Брегалница дуел во кој трите бодови се од капитална важност. Тимот од Куманово има можност да ја напушти опасната зона ако ги добие „сините“, а триумф за Брегалница значи зацврстување во средината од табелата и можност да избие и на шестото место, ако пак Шкеднија Арачиново загуби на гостувањето кај Арсими, меч кој се игра во Гостивар еден час подоцна.
Арсими ќе има притисок против тимот од Арачиново да дојде до трите бодови и да стави крај на лошата резулатска криза бидејќи тимот од Чегране има три порази и две ремија.
Но, излез од резултатска криза ќе бара и Шкендија Арачиново, која исто така има ефект од три порази и две ремија од последните пет средби.
Практично двете недели средби нудат можност за промени на табелата од деветтото до шестто место каде разликата е само пет бодови.
Александар Ванев, М-Нет