
Со три натпревари се отвара 10. коло на Втората македонска фудбалска лига, а кои натпревари може да направат промени на табелата пред одигрувањето на четирите мечеви кои се закажани за недела.
Во Горно Лисиче ќе се одигра натпреварот меѓу Еуромилк и Кожуф дуел од кој трите бодови ќе бидат повеќе од клучни, во обид „лисиците“ за првпат да излезат од опасната зона ако го добија гостинот од Гевгелија. Од друга страна, ако успее Кожуф да ги освои трите бодови во Горно Лисиче тогаш тимот од Гевгелија ќе биде зацврстен во средината од табелата. Со реми можеби гостинот ќе биде позадоволен отколку домаќинот.
Лидерот Охрид треба да има лесна задача кај последнопласираниот Шкупи, каде „рибарите“ се повеќе од апсолутни фаворити за трите бодови против ланскиот прволигаш кој и по девет гола нема освоено бодови.
Брера на домашен терен ќе бара брза рехабилитација по поразот во Кочани, а за противник го има Новаци, гостинот игра во лоша форма во однос на ланската сезона и во Струмица го очекува тешко гостување барајќи три бодови со кои би можел да биде сигурен во зоната за опстанок, бидејќи со пораз може да заврши во опасната зона по комплетирањето на десеттото коло.
Останатите четири средби се играат в недела.
Александар Ванев, М-Нет