
Сите родители кои имаат дете со оштетен вид треба да го посетат училиштето за слепи лица „Димитар Влахов“ во Скопје, апелира Драги Витанов од Здружението на слепи лица од Штип. Тој смета дека на тој начин родителите и децата ќе можат одблизу да се запознаат со условите и да видат како полесно да се надминат предизвиците со кои се соочуваат децата со оштетен вид. Според Витанов, ова може да придонесе за полесна социјализација и прифаќање од врсниците, без дискриминација. И самиот тој, вели дека се образувал во ова училиште, а денес работи и посочува дека оштетениот вид не му е пречка за твори во општеството.
,,Да исконтактират со државното училиште за слепи лица во Скопје Димитар Влахов, да отидат таму да се соочат со реалноста и да ги видат условитесо кои што се соочуваат тие лица. Така што многу полесно ќе биде социјализирано детето и нема да биде отфрлено или дистанцирано од другарчињата и јавноста. Таму се работи за лица со оштетен вид, сите се исти и нема никаква дискриминација и проблеми и многу лесно се социјализират тие дечиња. Еве јас сум еден примери, кои што го завршив таму образованието и сега немам никаов проблем и слободно работам без разлика што видот ми е проблем. Тоа не е спорно.“, вели Витанов
Витанов додава дека здруженијата ретко го посетуваат училиштето за да се запознаат со условите и технологијата со која учат децата. Денес таму има 40 ученици, за разлика од времето кога тој учел, кога имало 150.
,,Многу ретко од здруженијата за жал го посетуваат училиштето, да се соочат со реалнсота, да видат до каде е стигнато со технологиајта за образование на дечињата. За среќа има многу малку, само 40 дечиња се вкупно, тоа е добра раобта. Да се надеваме дека бројот нема да се зголеми. Јас кога учев бевме 150 ученика, тоа е значи добар показател.“, додава Витанов
Витанов порачува дека најважно е децата со оштетен вид да добијат поддршка, сè со цел да ги надминат предизвиците со кои се соочуваат.
Иван Митев, М-Нет