Традиционален концерт на 4 ноември организира Здружението на слепи лица во домот на културата во Штип, настапуваат познати музички имиња

Традиционален хуманитарен концерт и годинава организира Здружението на слепи лица од Штип, во соработка со Домот на културата и Општина Штип. По едногодишната пауза, концертот повторно ќе ги обедини музичките уметници и љубителите на македонската народна музика. Концертот е предвиден за 4 ноември, со почеток во 17 часот, а на сцената ќе настапат познати музички имиња, меѓу кои Марјан Коцев, Орце Стевковски и Кире Науновски. Дел од концертот ќе бидат и младата пејачка Велина Стаменковиќ од Врање, како и хармоникашот Сашко Велков од Кочани.

,,Традиционалниот концерт кој што во соработка со дом на култура и Општина Штип го реализираме секоја година, со исклучок на лани, поради случајот во Кочани. Оваа година имаме доста атрактивни гости на овој концерт. Ќе спомнам дел од нив Марјан Коцев, Орце стевковски, Кире Науновски, нашата Емилија Иванова, Ранко Рангелов, како и Велина Стаменковиќ од Врање, интересна млада личност, која што ја пее македонската музика. Ќе дојде и еден добар хармоникаш од Кочано, а тоа е Сашко Велков.“, вели Витанов

Влезниците за концертот ќе чинат 100 денари, а организаторите ги повикуваат сите заинтересирани да пристигнат половина час порано, со цел настанот да започне навреме.

,,Ќе настапат исто на концертот и неколку здруженија на слепи лица, ќе има ново компонирани песни, ќе има забава музика, доста интересна создржина. Влезниците се по 100 денари, симболична цена, може да се нават во здружението на слепи лица во град Штип. Инаку, ќе има карти секако и пред влезот во домот на културата на денот на одржувањето на концертот. На 4 ноември од 17:00 часот. Сите кои сакаат да бидат дел, треба да дојдат пола час порано, за да нема проблем и да можеме да почнеме на време.“, додава Витанов

Концертот се очекува да предизвика гоелм интерес од страна на љубителите на музиката и песната.

Иван Митев, М-Нет