Полицијата повторно ја приведе 41-годишната Стојна Димитровска од Кратово, откако двајца посетители пријавиле дека се обидела да им наплати влезници за туристичкиот локалитет „Камени кукли“, а потоа им се заканувала.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, таа била приведена вчера (27 октомври), во 11:30 часот, по претходна пријава од двајца скопјани.
„На 27.10.2026 во 11:30 часот, полициски службеници од ОВР Кратово ја лишија од слобода С.Д.Б. (41) од Кратово, постапувајќи по претходна пријава дека на локалитетот ‘Камени кукли’ се обидела да наплати билети за влез во локалитетот и им се заканувала на Р.П. и Ј.Б. од Скопје“, соопшти МВР.
По целосното документирање на случајот, против неа ќе следува соодветна пријава.
Димитровска и претходно била приведувана поради обиди за наплата на влезници од посетители на туристичкиот локалитет, а против неа имало и пријави за напад врз посетители.
Текстот Стојна од Кратово повторно приведена: скопјани ја пријавиле дека се обидела да им наплати влезници на „Куклица“ и им се заканувала е превземен од МАКФАКС.