
Поранешниот шампион Форца забележа висок триумф над СЕЕ Университи на домашен терен од 7:3, со што кумановскиот тим ја оправда фаворитската улога против повратникот во елитата од Тетово, а во меч од 3. коло на Првата футсал лига.
Уште еден поранешен шампион забележа висок триумф. Шкупи славеше триумф од 3:7 во Крива Паланка над Осогово. Актуелниот шампион Проект, пак, го декласираше Бутел пред домашната публика со резултат од 6:1.
Трите бодови останаа во Велес откако Кеги Моби со 7:5 го доби Јувентус Серава во атрактивен меч со голем број на погодоци.
Колото ќе се затвори на 30 октомври во Кавадарци со натпреварот меѓу Клими и поранешниот шампион Железарец, кој по една сезона експресно се врати во Првата лига.
На првото место на табелата е Проект со девет бодови, а пак Шкупи и Форца го делат второто место со по седум бодови, по шест бода имаат Бутел и Кеги Моби за делба на четвртото место.
Александар Ванев, М-Нет