Утре се играат натпреварите од осминафиналето од Купот на Македонија: Две прволигашки пресметки

Утре ќе бидат одиграни натпреварите од осминафиналето од Купот на Македонија, сите мечеви ќе стартуваат во 13:30 часот, а последниот патник ќе се добие на 25 ноември кога ќе се одигра мечот меѓу Брера и Арсими.

Во оваа фаза од Купот на Македонија ќе има две прволигашки пресметки, Башкими ќе се соочи со Шкендија Арачиново, а пак Вардар ќе игра со Тиквеш.

Каменица Саса како единствен третолигаш ќе игра против Работнички, додека Скопје ќе игра со Новаци. Штипска Брегалница ќе ги одмери силите со Македонија ЃП за пласман во четвртфиналето, Струга ќе ја пречека Беласица, Пелистер ќе игра со бранителот на Куп титулата Силекс.

Се игра по еден натпревар, доколку нема победник во регуларниот дел тогаш ќе се оди кон изведување на пенали.

Александар Ванев, М-Нет