ГКК Штип забележа пораз на гостувањето кај ТФТ, Работнички и Кожув до нови победи, Пелистер го доби Скопје

ГКК Штип забележа пораз на гостувањето кај ТФТ со резултат од 84:70 во мечот од 4. коло на кошаркарската Суперлига, со што скопскиот тим го забележа вториот триумф, а штипскиот четвртиот пораз.

Првата четврта му припадна на ТФТ со 18:16, а во втората скопскиот тим беше подобар со 26:15 и тука беше направена разликата. Во третата четврта Штип беше подобар со 17:21, а последната четвртина му припадна на ТФТ со 23:18.

Вајт беше најдобар поединец во победничкиот состав со 22 поени, четири скока и пет асистенции. Во редовите на ГКК Штип, Хамилтон постигна 27 поени, на кои придодаде шест скока и четири асистенции.

Работнички стигна до својот четврти триумф од толку натпревари, на домашен терен го доби Куманово со 70:63. Натпреварот беше решен во последната четвртина која ја доби домаќинот со 17:12.

Рикиќ беше најефикасен во победничкиот тим со 17 поени и 11 скока, кај МКК Куманово, Мекиќ беше прв стрелец со 18 поени и три скока.

Кожув го забележа вториот триумф добивајќи го Тиквеш со 90:81 во повеќе од неизвесен меч, каде лошата трета четвртина на гостинот од Кавадарци му беше пресудна за поразот.

Првата чевртина заврши со 25:25, а пак втората ја доби Тиквеш со 21:24. Следуваше третата четвртина која му припадна во целост на Кожув кој со 17:8 беше убедлив, а пак во последната четвртина резултатот беше 27:24.

Пелистер на домашен терен го доби Скопје со 101:94 во меч каде во сите четврти четврти битолчани беа подобри.

Колото ќе се комплетира на 29 октомври со мечот меѓу Струмица и шампионот МЗТ Скопје.

Александар Ванев, М-Нет