
Стрелките на часовникот ноќва се поместуваат еден час наназад, со што почнува зимското сметање на времето. Наместо 3 часот, часовникот ќе покажува 2 часот, па се поставува прашањето дали и колку тоа ќе влијае врз сонот и секојдневните навики на граѓаните.
За едни, ова значи еден час повеќе за спиење, додека други велат дека промената им влијае на сонот и секојдневниот ритам. Помал дел анкетирани граѓаните велат дека не чувствуваат никаква разлика и лесно се приспособуваат на новото време.
Со зимското сметање на времето, утрата ќе осамнуваат порано, но и стемнувањето ќе настапува порано. Менувањето на часовникот и понатаму е практика во голем дел од Европа, иако прашањето за нејзино укинување со години се разгледува на европско ниво.
Иван Митев, М-Нет