
Штипјани ќе останат дома и овој продолжен викенд, тие велат трите неработни дена ќе ги поминат во кругот на семејството и за да завршат некоја активност, работна обврска или едноставно да се одморат. А, некои се уште се без конкретен план на кој начин ќе го исполнат времето до понеделник.
Дел од граѓаните претстојните три дена ќе ги поминат надвор од Штип. Некои ќе отпатуваат во соседните држави, додека други ќе заминат во родните места и во странство, онаму каде што го изградиле својот живот.
Денес се празнува 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, а ова е вториот продолжен викенд овој месец.
Иван Митев, М-Нет