Прекин на жетвата на ориз во кочанско, ожнеани само 50 %, во Спанчево и Соколарци дел ниви се зелени поради сланата и доцната сеидба

Жетвата на оризот во Кочанско е прекината поради лошите временски услови, при што досега се ожнеани само околу 50 отсто од површините. Оризопрозиводите велат дека годинава родот е преполовен во споредба со лани, ама велат „мора да се собере и тоа што остана“. Квалитетен ориз според нив има само покрај Брегалница, каде што луѓето успеале да посеат рано, уште во првите дни од мај. Од друга страна, во местата како Спанчево, Соколарци и Бање, оризот велат останува зелен и нема да се жнее, бидејќи водата од стариот систем Калиманци задоцни, а слана дополнително го уништи растението.

,,Моментално жетвата е завршена околу 50 посто, причина е временските неприлики, бидејки гледате и сами дека последните денови се дождливи, така да два дена немаме веќе жетва. Коровот е намален за 50 проценти од ланската реколта, така да земјоделците не се задоволни од родот, но треба да го собереме колку е толку е.“, рече Максимов

Кога е во прашање кој регион има нормална реколта, кој не, оризопроизводителите и натаму се децидни дека најдобра реколта има покрај Брегалница, додека најслаб кај селата Спанчево, Соколарци и Бање

,,Нормална реколта тоа се оние окрај река Брегалница, каде што најпрво се сеат некаде до колу 3 мај завршуваат со сеидба и затоа кажуваме дека раната сеидба е она што треба да даде и поквалитетен и ориз, меѓутоа со пуштањето на водата од системот Калиманци, знаеме каква е ситуациајта со ситемот, кој е 60 годишен, има големи гобитоци на вода, не може да стигне на време, така да тој дел левиот и десниот канал према Свети Николе,таму има задоцнување на сеидбата до 31 мај, па останува зелен. Оваа година, претходно имавме и ладни темепратури и слана, кгоа ќе падне слава оризот нема вегетација и останува во таква фаза каква што е. Значи останува во зелена фаза, каде што тој ориз нема да биде ожнеан. Тоа е меѓу Спанчево, Соколарци и Бање.“, вели Максимов

Максимов тврди дека официјална производствена цена се уште нема, но неофицијално таа е зголемена и се очекува да скокне на околу 28 до 29 денари за килограм, што е повеќе во споредба со ланските 25 денари.

,,Производна цена се уште официјално немаме, ние некоја прозиводна цена имаме зголемена од ланската. Ако ласнката беше 25, сега очекуваме некаде околу 28 денари, 29. Тоа се неофицијални.“, додава Мкасимов

Дополнително оризопроизводителите велат дека и годинава се соочуваат со најголемиот проблем што го имале во прозиводството. По жетвата немаат откуп, немаат каде да го складираат

Иван Митев, М-Нет