
Во осминафиналето од Купот на Македонија се пласираа девет прволигаши, шест второлигаши и еден третолигаш.
Ждрепката посака во осминафиналето да има две пресметки меѓу прволигаши, Башкими ќе игра против Шкендија Арачиново, Вардар против Тиквеш, дуел кој ќе биде највозблудив и израмнет.
Каменица Саса е единствениот третолигаш кој обезбеди место во осмифиналето, а „рударите“ ќе се соочат со Работнички во гости.
Штипска Брегалница против Македонија ЃП, Скопје со Новаци, Струга Трим Лум со Беласица, Брера со Арсими и Пелистер со Силекс.
Деветте прволигаши се Скопје, Струга Трим Лум, Арсими, Вардар, Тиквеш, Силекс, Брегалница, Башкимии Шкендија Арачиново, од второлигашите се Новаци, Беласица, Брера, Пелистер, Работнички и Македонија ЃП, а Каменица Саса е единствениот третолигаш во оваа друштво.
Сите средби се играат на 28 октомври од 13:30 часот, само мечот меѓу Брера и Арсими е за 25 ноември од 13 часот.
Александар Ванев, М-Нет