Башкими како фаворит гостува во Охрид, дерби меѓу главните фаворити за влез во Прва лига

ФОТО: Александар Ванев | АРХИВА

Дерби меѓу Ржаничино и Билјанини Извори во рамки на 5. коло на Втората женска фудбалска лига, соочување на две екипи кои се претендети за влез во Првата лига.

Домаќинот кој е дебитант ќе се потпира на домашниот терен и поддршката од домашната публика, а пак гостинот кој е поранешен шампион на Македонија ќе се обиде да остане перфектен.

Башкими како фаворит ќе гостува во Охрид каде ќе игра против Топ Грлс, а пак Топ Гол на домашен терен како фаворит ќе ја пречека Плачковица од Радовиш.

Во Валандово ќе се одигра натпреварот меѓу Победа и Менада, каде гостинот од Тетово ќе го има приматот на фаворит.

Александар Ванев, М-Нет