Дерби на ривалите Шкендија и Вардар во Гостивар, ќе има ли нов лидер во ПМФЛ?

ФОТО: ФК Брегалница

11-тото коло го носи дербито на ривалите Шкендија и Вардар, вицешампионот и шампионот ќе се соочат во Гостивар, во дерби кое може да донесе нов лидер на табелата, ако Вардар ја добие Шкендија.

На првото соочување Шкендија со 0:2 го доби Вардар во Скопје, а според формата од последните пет средби, „вардарци“ имаат подобра форма. Шампионот има четири победи и едно реми, а пак вицешампионот од Тетово има две ремија, две победи и еден пораз.

На последните десет средби секогаш имало голови меѓу двете екипи, само две средби заврши со минимални победи за двете екипи, на сите останато имало по два и повеќе погодоци.

Шкендија со 23 бодови на врвот од табелата, а пак Вардар е на делба на второто место со Струга Трим Лум со по 20 бода.

Александар Ванев, М-Нет