Кои екипи се на првото место во секој регион од Трета лига? Како изгледа борбата за челното место?

ФОТО: ФК Илинден

Во пет регион на Трета лига се одиграа по шест кола, а во еден регион се одиграа седум кола, дел од екипите започнаа да градат сериозна бодовна предност.

Во Трета лига регион 1 на првото место е Илинден кој има шест победи од толку натпревари со максимални 18 бодови, втор е БВК Коњаре, а со оглед на тоа што Илинден веќе славеше над конкурентот има пет бода предност, додека пак Студеничани е трет со 11 бодови.

Во регион 2 ќе биде неизвесно, таму лидер е Куманово со 15 бодови, беса од Слупчане е втора со 13 бодови колку што има и Пчиња, но овој тим има меч помалку тој одложениот со Јуниор кој е четврти со 12 бодови.

Ако Пчиња го добие одложениот меч со Јуниор ќе биде нов лидер во Трета лига регион 2.

Во регион 3 на делба на првото место се Победа Валандово и Огражден со по 13 бодови, дури четири екипи имаат по осум бодови, тоа се Овче Поле, Малеш, Хоризонт Турново и Дојранско Езеро.

Во Трета лига регион 4 на челното место е Победа со 18 бодови, тимот од Прилеп има максимален број на бодови со ефект од шест победи од толку натпревари, а пак Венец, Борец и Росоман со по 11 бодови го делат второто место и имаат седум бода негатива првото место.

Во регион 5 лидер е Караорман со 15 бодови, втор е Влазерими од Кичево со 13 бодови, но овој тим има меч помалку, а пак Кравари е трет со 12 бодови, по десет бодови за делба на четвртото место се Света Троица и кичевски Напредок.

Во регион 6 се одиграа седум кола, а на делба на првото место се Гостивар, Дрита и Доброште со по 16 бодови, со тоа што тимот од Боговиње има меч помалку, со по 11 бодови Кораб и Џепчиште го длеат четвртото место.

Според пропозициите шампионите од сите третолигашки регион со ждреб меѓусебно ќе формираат три натпреварувачки парови, а победничките ќе бидат нови членови на Втора лига.

Александар Ванев, М-Нет