Два златни, пет сребрени и еден бронзен медал: Кикбокс клубот Гладијатор Фајт од Штип со голем успех на „Трофеј Белград“ во Србија

Кикбокс клубот Гладијатор Фајт со осум медали се враќа во Штип од Меѓународниот турнир „Трофеј Белград“, кој се одржува во српската престолнина. Клубот од градот под Исарот учествуваше со осум натпреварувачи и се врати со осум медали.

Златни медали освоија Баже Јанев и Михаил Јанев, сребрени медали освоија пет натпреваручи тоа се Леонтина Миткова, Петра Долдурова, Јован Јанковскки, Пане Блажев и Максим Иванов, бронзен медал освои Антонија Тасева.

Двајцата браќа Баже и Михаил Јаневи се задоволни од постигнатиот резултат и освоените златни медали.

„Задоволен сум со златен медал од овој натпревар во Белград, направив добри резултати“, рече младиот Михаил Јанев.

„Беше многу тешко, имав една борба, финале, кое го добив со 2:1, беше навистина тешка борба. Овој натпревар им дава поттик за настапот кој ми следува во Ниш ќе се трудам одново да освојам прво место“, рече Баже Јанев.

Овој успех е резултат на посветеноста, дисциплината, напорната работа и борбениот дух на натпреварувачи, кои ги предводи тренерот Шенол Асанов.

Петра Долдурова истакна дека конкуренцијат била тешка, надополнувајќи дека секогаш може подобро.

„Беше многу тешка конкуренцијата и јас сум прилично задоволна од резултатот, можев и многу подобро. До крајот на годината ни следува настап во Ниш и се подготвуваме за таму“, рече Петра Долдурова.

Во силна конкуренција Леонтина Миткова го освои второто место, која била блиску до освојување на златниот медал.

„Конкуренцијата беше тешка имавме сите по повеќе борби и јас се пласирав на второто место. Последната борба која што ја изгубив за многу малку ми беше најтешка, за малку поени заврши второто место“, рече Леонтина Миткова

Антонија Тасева се избори за бронзен медал, вели дека конкуренцијата била тешка, дополнувајќи дека очекува подобар резултат во иднина.

„Конкуренцијата ми беше потешка, јас можев да дадам повеќе од себе, но ми беше потешка конкуренцијата и со тоа се пласирав на третото место. Се надевам дека нареден пат ќе успеам повеќе. Нареден турнир ни е во Ниш каде јас ќе се натпреварувам во две конкуренции, а со тоа се спремаме и за Државното првенство кое што следи другата година“, рече Антонија Тасева.

Тренерот Шенол Асанов потенцираше дека е задоволен и горд на неговите натпреварувачи, а Гладијатор Фајт се подготвува за нов меѓународен предизвик, овој пат во Ниш.

Александар Ванев, М-Нет