
Второлигашот Камјани го именуваше новиот тренер, Љабинот Муслиу ќе го води дебитантот во продолжението од сезоната.
Муслиу на тренерската клупа го наследува Бурхан Емурлаи, а неговото деби ќе биде овој викенд против Кожуф на домашен терен.
Се работи за млад тренер со големи амбиции и резултати зад себе со работа во поранешниот прволигаш Гостивар, како и во стручниот штаб во прволигашот Арсими од Чегране.
Муслиу веќе го презеде Камјани и се подготвува за неговиот прв предизвик, неделниот меч против Кожуф во кој тимот ќе атакува на три бода пред домашната публика.
Александар Ванев, М-Нет